Премиерот Шпанија, Педро Санчез, при постета на Скопје изјави дека Македонија е во Европа, како географски, така и историски и сега е еден чекор поблиску до посакуваната цел. Тој додаде дека земјава може да смета на поддршката од Шпанија на нејзините следни чекори за членство во ЕУ.
Посетата на регионот, Педро Санчез ја оцени како симболична поради две основни причини – прво дека пред неколку дена се деблокира процесот за отпочнување на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ и второ, како што рече, обединетоста против бруталната агресија на Путин во Украина.
Благодарност за вашата широкоградост и одговорност, што ја ставивте иднината на земјата и вашата европска визија пред било кој друг интерес. Ја направивте правиот избор, го деблокиравте патот што ќе ја доведе Македонија на меттото каде што треба да биде – изјави шпанскиот премиер.
Педро Санчез порача дека тоа што кже да се извлече како заклучок од шпанското искуство со реформите за влез во ЕУ, е дека секогаш вреди да се биде дел од европскиот и политички проект – ЕУ.
Убеден сум дека Македонија што поскоро ќе биде дел од ова. Ние сме две земји од југот на Европа и нашите интереси и вредности се заеднички – изјави Санчез.
Ковачевски порача дека посетата на Македонија е симбол на речиси 30-годишните одлични билатерални односи меѓу двете земји, изразувајќи благодарност за силната поддршка на Шпанија за членство на Македонија во ЕУ.
Ние го живееме европското мото секојдневно. Нашето мултикултурно, мултиетничко општество е обединето во различностите и особено гордо на истите. Ние сме подготвени за ЕУ и со цврст чекор одиме напред кон полноправно членство во Унијата. Тоа е процес од кој нема да отстапиме, бидејќи нашето место е во ЕУ. Затворивме едно поглавје и отвораме ново, европско, во кое ќе делиме европска иднина со нашите пријатели, како што е Шпанија – изјави Ковачевски.
Посетата на Педро Санчез на нашата држава е дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.