Македонија нема да ги започне преговорите, реално само Албанија ќе започне преговори и тука нема дилеми, истакна вечерва во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Ние неколку пати пробувавме да го објасниме ова што се случува. Утре Македонија нема да ги започне преговорите. Слушнавме и од бугарска страна, слушнавме и многу аналитичари од Европа кои што велат дека Македонија ќе заглави во еден лавиринт. Утре се очекува да покажат дека започнува некој скрининг процес, дека започнуваат преговори, но реално само Албанија ќе започне преговори и тука нема дилеми, бидејќи Албанија ќе започне со скрининг и отворање на поглавја, рече Мисајловски.

Мисајловски вели дека доклку се проследи изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Македонија ќе започне преговори по отворање на Уставот.

-Македонија тоа нема да го почне сега, и ако ја следевте изјавата на бугарската министерка за надворешни работи кажа дека Македонија ќе започне преговори со вистинската меѓувладина конференција која ќе се случи по отворање на Уставот, појасни тој



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.