Стручната комисија за случајот со починатиот 25-годишен пациент од Берово после хируршка интервенција на заб е веќе формирана, но се чека финален извештај од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Откако извештајот ќе стигне до Министерството, Комисијата ќе заседава врз основа на целата процедура“, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање во ГОБ „8 Септември”.

 

Во однос на членовите на оваа Комисија, Сали посочи дека има апсолутна доверба во нив и оти тоа се луѓе кои цел живот работат на таа проблематика.

Професионалниот дел, вели тој, не може да се дискутира за луѓе кои цел живот го работат тоа.

Тој утринава побарал од архивата, но вели се уште го немаат добиено тој документ.

Министерот нагласи дека откако ќе го докомплетираат целосниот случај со извештајот од ДСЗИ и стручната Комисија ќе излезат во јавност и ќе образложат.

„Сметам дека наши пациенти честопати знаат покасно да се јават во здравствените установи кога за жал честопати немаме веќе што да направиме повеќе од тоа што е направено, но во конкретниов случај ќе дозволиме на стручните лица тоа да го кажат“, додаде Сали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.