Актуелниот министер за здравство Беким Сали не се повлекува од министерската позиција, ниту пак доаѓа некој нов кадар од СДСМ, потврди тој во изјава за „Фокус“.
„Ниту сум планирал, а ниту има такво нешто дека ќе се повлечам од позицијата. Баш сега во септември имаме бројни проекти, кои ни се планирани да ги реализираме. Тука е и Клиничкиот центар. Ама, очигледно не се согласуваат со некои работи, па се трудат да ми ја дескредитираат работата, вели Сали во изјава за „Фокус“.
Претходно беше објавено дека во септевмри се планира мини-реконструкција во Владата во која Сали веќе нема да биде министер за здравство. На негово место се шпекулираше со имињата на актуелните директорки на Клиниката за пластична хирургија и Инфективната клиника, односно д-р Софија Пејкова и д-р Милена Стевановиќ, како и актуелниот директор на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.