Ќе преземеме соодветни мерки, односно ќе ги разрешиме или казниме директорите доколку под нивно влијание се формирале платите, вели министерот за здравство Беким Сали во одговор на новинарско прашање.

За време на посета на вакциналниот пункт во Амбулантата Пролет, Сали појасни дека сè уште се чека Фондот за здравствено осигурување да направи увид и да го достави финалниот извештај, не само за Детската Клиника, туку и за четири други.

Формирањето на плата на еден вработен врз основа на Колективниот договор е врз основа на повеќе индикатори. Дали е тоа пракса и во изминатиот период или само во делот на анализираниот период ќе го видиме со дополнителни анализи, изјави Сали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.