Американската Влада излезе со став во однос на неизвесноста околу започнувањето на претпристапните преговори меѓу Македонија и ЕУ, а по неуспешниот Самит ЕУ-Западен Балкан неделава во Брисел.
За Вашингтон, веродостојноста на перспективата за проширување на ЕУ е животно важна за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан.
-Сметаме дека кредибилитетот на перспективата на проширување на ЕУ е од животна важност за стабилноста и просперитеот на Западен Балкан, соопштија денеска за МИА од американскиот Стејт департмент.
Оттаму укажаа дека продолжуваат да даваат поддршка за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија и Албанија што е можно побргу.
На Самитот Западен Балкан-ЕУ вчера во Брисел, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го отфрли таканаречениот француски предлог во чија нацрт верзија за отварањето на преговорите, билатералните прашања меѓу две земји – Македонија и Бугарија, се ставаат како услов во преговарачкиот процес за пристап на нашата земја во Унијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.