Од Стејт департментот синоќа испратија честитка по повод Денот на независноста на нашата земја. Во меѓувреме, по повод празникот Обединета македонска дијаспора (ОМД) организираше свечено кревање на македонското и американското знаме вп Њујорк.
Во честитката од државниот секретар Ентони Блинкен се вели: -Од името на Соединетите Американски Држави, честитам на македонскиот народ 33 години од независноста и историскиот избор на вашата прва жена претседател. Го цениме нашето силно партнерство со Македонија фокусирано на градење на просперитетна демократија закотвена во евроатлантската заедница.
Понатаму, во честитката се додава дека заедничко на американскиот народ и народот на Македонија е „посветеноста на демократските вредности“.
Американскиот народ и народот на Македонија споделуваат посветеност на демократските вредности. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста и продлабочување на економските врски во регионот. САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат, изјави Блинкен.
Покрај честитките од Стејт департментот, огранокот на ОМД во САД орзанизираше настан во соработка со градот Њујорк а по повод Денот на независноста на Северна . Македонија. Настонот се состоеше со кревање на македонското и американското знаме и интонирање на македонската химна на Вол стрит во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.