Тим нуркачи сѐ уште трага по трите лица кои вчера со автомобил паднаа во реката Лепенец, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Потрагата, како што велат од ЦУК, се одвива во исклучително тешки услови бидејќи реката е длабока и многу брза, а со себе носи и предмети кои се опасност за нуркачите.
Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека екипи од Одделот за специјални полициски операции трагаат по три лица во реката Лепенец.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возилото завршило во Лепенец откако автомобил „фолксваген туран“ со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили на патот од Скопје кон граничниот премин „Блаце“. Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил „бмв“ со косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец
Едно лице беше извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“.
Причините за сударот сѐ уште се утврдуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.