Пожарот во тетовското село Фалиште е се уште активен, информираат утринава од Центарот за управување со кризи.

-Иако со значително намален обем сеуште има пламен и чад. Тетовските пожарникари гаснеа непрекинато во текот на целата ноќ и продолжуваат со гаснење. Се очекува целосно да биде изгаснат во наредните неколку часа, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Пожар избувна вчера околу 10 част и 30 минути во магацин на трговска фирма со материјали за електротехника и железарија во близина на тетовското село Фалише.

Надлежните препорачаа да се ограничи движењето во тој дел од Тетово, а граѓаните да останат дома и со затворени прозорци.

Вчера професорот Андон Чибишев, клинички токсиколог, апелираше до институциите посериозно да го сфатат случајот и да ги заштитат граѓаните, односно да го евакуираат населението во радиус од 1.000 метри додека не се прочисти воздухот кој во моментов е за 10 пати позагаден од загадениот воздух. Според него чадот може да предизвика сериозни оштетувања на горни и долни дишни патишта, особено кај децата. Доколку изложеноста трае подолго може да дојде до иритирање на централниот нервен систем, односно да дојде до многу сериозни оштетувања и трајно да се оштети мозокот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.