Од предвидените 190 места, само 16 средношколци се пријавиле во првиот уписен рок на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност и култура на УКИМ. Осуммина од нив ќе студираат Македонски јазик, седуммина Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а еден вонреден студент е запишан на отсекот за книжевност. Професорите велат дека сѐ помали се можностите за вработување, што е една од причините, но и дека е тренд и во други земји да е намален интересот за студии од овој тип, ама таму властите ги мотивираат со стипендии, вработувања и високи плати.
Во земјава сѐ уште ниедна издавачка куќа, државни институции, дури и медиуми, и секаде каде што законот вели дека мора да се има лектор, тие не се вработуваат,
Појавата на мал број суденти на овие студиски групи е присутна повеќе години наназад, една од помалите причините за ваквата состојба е и отворањето студиски групи и на други уницерзитети во земјава.
Лани на овие групи на УКИМ се запишале 20 студенти.
Се очекува со донесување на законот за употреба на македонскиот јазик, кој ќе наметне вработување на лектори, да ја промени состојбата на подобро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.