Розалија Биро, претседателка на женската организација на ЕПП упати честитки до Гордана Силјановска Давкова, идната претседателка на Македонија, која победи на изборите кои се одржаа во средата на 8 мај. Таа потенцираше дека за првпат во Македонија жена е избрана за претседател. Вели тоа е сведоштво за духот и поставеноста кои се сведоштво за подготвеноста на граѓаните кои се отворени да имаат шеф на државата со огромно искуство.

Имајќи го впредвид искуството на Силјановска – Давкова верувам дека таа како претседател на државата ќе има желба да ги вклучу сите политички актери во вашата земја, и од страна на владата и од страна на опозицијата. Да се соберат на иста маса и да расчистат кои се јасните интереси на земјата, заеднички да настапат. Изборот на новата претседателка укажува дека постои гаранција дека вашата земја ќе продолжи по патот на европската интеграција – вели Розалија Биро.

Коментирајќи ги големиот број честитки упатени и кон Силјановска Давкова и кон ВМРО-ДПМНЕ за големата победа и на парламентарните и на претседателските избори, вели дека најважната цел на партиите на ЕПП е да се даде поддршка на земјата за евроинтеграции.

Убедени сме дека сите ние сме Европа и треба заеднички да настапиме, со ист глас. Но за успешна интеграција на вашата земја политичките актери мора да покажат посветеност во имплементирањето на европските вредности. Ова не може да се постигне само со реторика, туку со дијалог и со напорна работа со граѓаните. Имајќи ја в предвид големата поддршка однадвор која се виде со големиот број честитки кои беа упатени до партијата која победи, сметам дека однадвор постои многу јасна желба за нова земја членка. Од друга страна имајќи ја в предвид големата победа, верувам дека ќе има и голема поддрпка внатре во земјата – коментира таа.

Слушнете го целиот разговор:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.