Светиот синод на Романската православна црква донесе одлука за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА според томосот издаден од СПЦ на 5 јуни 2022 година.

Според вчерашната одлука на Синодот на Романската православна црква, што ја пренесува црковниот сајт orthodoxtimes.com, признавањето е под името „, а поглаварот се именува со „Негово Блаженство, Стефан, Архиепископ Охридски, Скопски и на Македонија“.

Порталот orthodoxtime.com пишува дека со одлуката да го признае српскиот томос, Романската црква исто како и СПЦ, ги нарушува вековните традиции во Православната црква и директно ја оспорува јурисдикцијата на Вселенската патријаршија како единствено надлежна за доделување автокефалност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.