Јазикот на Еди Рама против Бугарија е целосно несоодветен, вели во изјава за „Слободен печат“ косовскиот аналитичар, уредник во швајцарскиот „Тагес Анзеигер“, Енвер Робели.

Тој се однесува помакедонец од Македонците, без никој да го праша. Бугарија не ја зема Албанија како заложник. Бугарите ставија вето на Скопје, колку и да е неправедно. ЕУ, ако сака, би ги отворила преговорите со Албанија и би чекала да се реши бугарско-македонскиот спор. Но, во ЕУ нема расположение за фаворизирање на Албанија. Причините за тоа не се само во ЕУ, туку и во состојбата на демократијата во Албанија, во реформите во правосудството кои честопати се само фасада, во неказнивоста на сторителите на корупцијата, во олигархизацијата на економијата, во распределбата на државните ресурси меѓу партнерите на власта, контролата врз медиумите, недостатокот на етика и јавна одговорност, изјави Робели.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.