„По објавувањето дека ќе се формира министерство за спорт добив повеќе пораки приватно и телефонски јавувања за помош. И тоа бидејќи луѓето и спортистите, федерациите и дел од федерациите се чувствуваат оставени сами на себе, наместо државата да им помогне, истакна Борко Ристовски, претседател на Комисија за спорт на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.
Години наназад имаше константна негрижа за спортот, за спортистите, за федерациите, и за најмладите категории од страна на власта“, појасни тој.
Ристовски додаде министерството за спорт е голем исчекор и тоа значи дека спортистите ќе имаат свој дом каде што ќе можат да се обратат за проблемите со кои што се соочуваат.
Министерство за спорт е еден огромен чекор или исчекор кон она што сакаме да го постигнеме, а тоа е повторно да го вратиме спортот на еден од пиедесталите во ова општество. Спортистите и генерално спортските работници ќе имаат свој дом, ќе имаат дом каде што ќе можат да се обратат за проблеми од овој тип или пак различни проблеми“, рече Ристовски.
Тој посочи дека спортистите ќе имаат свој претставник во Владата и тоа е голем плус за спортот.
Министерството треба и мора да биде еден вид поддршка за спортот генерално, да се создадат максимално добри услови за сите спортисти, за сите репрезентативци, буквално за сите“, нагласи тој.
Ристовски истакна дека се што е во програмата ветено за спортот се ќе биде исполнето.
Ние низ цела Македонија со сите спортски работници неуморно 40-тина дена буквално ја изоравме Македонија за да ја преставиме целата наша програма што се однесува за спорт, додаде Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.