Секогаш ние како пратеничка група сме застанувале во интерес на граѓаните на Република Македонија. Така ќе биде и денес по основ на ова законско решение. Но, јас сакам да поставам неколку прашања по однос на оваа проблематика бидејќи во изминатиов период од страна на министерот за земјоделие Николовски беа манипулирани граѓаните дека не се исплатени субвенциите и им праќаше лично пораки кои ги имам читано од земјоделците дека се касни со исплатата на субвенции поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ го очи во Собранието законот за земјоделство и рурален развој. Веднаш ќе кажам дека ова не е вистина, бидејќи исплатата на субвенциите воопшто не е поврзана и условена со никакво законско решение“, истакна Петар Ристески, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Ристески додаде дека со предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој покрај претходно предвидените услови со кои земјоделските стопанства да не треба да имаат парични обврски кон МЗШВ за користење на поддршка по програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој воспоставен е услов земјоделските стопанства да немаат обврски ниту по основ на неплатени даноци и придонеси, за кои е надлежна УЈП, со што се предизвикаа проблеми во имплементација на изминатите годишни програми. Од тие причини редовно се одложува примената на овој услов со интервенции на Законот секоја година посебно. Овие проблеми не се отстранети ниту од 2017-тата година откако егзистираат па до ден денешен. Иако Владата на Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ имаше можност за корекција, но тоа до ден денешен не го направи.

„Оттаму прашуваме зошто и оваа година се пристапува со повторно пролонгирање? Прашуваме зошто не се донесе конечно решение со кое овој услов ќе се изземе односно укине и е се врати старото законско решение од 2015-тата година кога тоа не постоеше и кога обврските се помируваа со прибирање на одобрените субвенции. Зошто е потребно секоја година да се врши притисок врз земјоделците, тие да се чувствуваат несигурни во законски стекнатото право да ги добијат предвидените субвенции односно земјоделската финансиска поддршка? Истовремено прашувам зошто на земјоделците кои веќе имаат доставено уредна документација за подмирени обврски кон МЗШВ и кон УЈП не им се исплатени до денес, 30-ти мај 2022 година субвенциите на нивните трансакциски сметки“, запраша Ристески.

Ристески запраша дали помеѓу МЗШВ и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој постои меѓусебна координација со податоците за земјоделските долгувања. Но, и дали функционира системот на контрола на долгувањата по сите основи.

„Дали зад обвинувањата кон опозицијата за наводно кочење на предложените законски измени всушност се сокрива лошата состојба во Буџетот, кој не е во состојба да изврши тековна исплата на законски предвидените субвенции? Луѓето чекаат да им ги исплатите нивните пари, бидејќи им се повеќе од потребни“, рече Ристески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.