Назначената на местото ревизор на ИПА фондовите, Афрона Веризволи, во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од функцијата, брифитаат од Влада.
Посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период, а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра, се вели во информацијата.
Од Влада велат дека пренасочувањето на вниманието кон други теми го толкуваат како бегство од одговорност за ваквите злоупотреби.
Одговорност ќе има, порачуваат од Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.