Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиски извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување за 2021 година.

Цел на ревизијата, како што велат од ДЗР, е да се добие разумно уверување дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешни прикажувања и дали активностите и трансакциите се во согласност со законската регулатива.

Ревизорите утврдиле слабости во спроведувањето на интерните и теренските контроли при потврдувањето на објективноста на фактурираните услуги.

Ревизорите во извршената ревизија констатираат слабости во контролите при препишување и издавање лекови, непочитување на роковите при вршењето на контролите и изрекувањето на договорните казни, поради невоспоставени контроли исплатувани се надоместоци за боледување и кога осигурениците остварувале плата, како и слабости при утврдување и контрола на реализација на условен надоместок на ЈЗУ, велат од Државниот завод за ревизија.

Како клучни препораки ДЗР ги посочува воспоставувањето систем на планирање, следење и редовно вршење контрола на видот и обемот на извршените здравствени услуги и издадени рецепти.

Дел од препораките се и доуредувањето на постапката и воспоставување контроли при исплатата на надоместоците за боледување и зајакнување на контролите кај условниот надоместок.

Добиено е Известување на Нацрт извештајот при што е констатирано дека претставува известување/објаснување во однос на утврдените состојби, се наведува во соопштението.

ДЗР изразува мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година.

Како клучни системски слабости ДЗР го посочува тоа што за три години од граѓаните во приватното здравство, само со PCR тестови, е прелеани најмалку 19,9 милиони евра. Не е ажурирана Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот. Во 2021 година реализиран е значајно помал обем на услуги од договорениот надоместок, поради што 106 од вкупно 116 ЈЗУ имаат добиено статус на неодржливи, се наведува во соопштението од Државниот завод за ревизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.