Податоците објавени на страницата на Државната изборна комисија за излезноста до 9 часот на денешните двојни избори уште од утрово го покажува она на што се предупредуваше по првиот круг на претседателските избори – граѓаните од албанска националност го бојкотираат избирањето на претседател на Македонија.
Како што веќе е познато, граѓаните со право на глас денеска имаат избор да гласаат и на двата избори или да одберат да гласаат само за претседател и само за Собрание. Oфицијални повици за бојкот на изборите немаше од ниедна политичка партија, но постојано се зборуваше дека доколку не се оствари цензусот за излезност во вториот круг на претседателските избори, односно нема излезност од 40% од запишаните гласачи – се оди на нови избори и се создава вештачка политичка криза, за на крај да се остварат барањата на дел од албанските политичари претседател на Републиката да се бира во Собрание.
Ова се досегашните податоци за излезност во општините со мнозинство на албанско население, а според кои се гледа разликата на гласачи кои гласале на претседатлските VS парламентарните избори:
Гостивар 1165 со 2184
Тетово 1898 со 2761
Струга 1166 со 1663
Кичево 541 со 1182
Чaир 704 со 1041
Арачиново 96 со 244
Сарај 578 со 885
Липково 135 со 534
Студеничани 353 со 285
Чашка 334 со 400
Боговиње 164 со 409
Желино 276 со 531
Пласница 183 со 233
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски изјави дек нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, но податоците од страницата на ДИК покажуваат нешто сосема поинакво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.