Амбасадорката Билјана Стефановска-Сековска заедно со македонскиот почесен конзул во Западна Австралија, Зоран Ќосески, одржале средба со министерот за образование и младина на Австралија Ан Али при што разговарале за продлабочување на соработката на полето на образованието како и размена на студенти и наставен кадар помеѓу Македонија и Австралија.

Како што соопшти Ќосески, на средбата се разговарало и за културниот развој на македонската заедница во Австралија, за зачувување на јазичниот и културниот идентитет во рамките на мултикултурна Австралија, како и за интензивирање на севкупните политичи и економски односи помеѓу Македонија и Австралија при што министерката Али и амбасадорката Стефановска-Сековска изразиле обострано задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји.

Министерката Али, истакнала дека во рамките на својата мултикултурна политика, Владата на Австралија ќе продолжи и во иднина, како и досега, да ја почитува македонската заедница како и сите други етнички заедници кои живеат во Австралија и да дава поддршка на македонската заедница за нејзините проекти за развој и зачувување на македонскиот јазик и идентитет во Австралија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.