Хонорарци во Владата му враќале дел од примањата со кои купувал имот и враќал кредити, а обвинет е дека местел тендери се тврдеше на денешното рочиште за случајот со поранешниот државен секретар, објави „А1.он“

Според Русковска, Рашковски набавувал од фирмата на Даниел Станчев, па постојано му кажувал како течела јавната набавка, а кога се наддавало, Рашковски, иако не смеел, му кажувал и со која цена да настапи фирмата „Инвока груп“, каде што Станчев е управител.

За неа, изборот јавната набавка да ја добие токму оваа фирма не е случајност бидејќи откога е основана, најголемиот дел од приходите се од Генералниот секретаријат на Владата. Обвинителката е децидна дека Рашковски водел и директна контрола врз фирмата на Станчев, со кого се знаеле од порано. Рашковски имал псевдоним, кој Русковска не го откри.

Секој граѓанин е должен да обезбедува дел од својот приход, а народот очекува рационално да ги троши нивните пари.Ќе го увериме судот дека Драги Рашковски како генерален секретар наВладата нерационално, неекономично и непродуктивно ги трошел народните пари за набавка, кабини, софтвери, камери, кои не се користат и три години по нивното набавување. Некои од нив не се наоѓаат ниту во Владата. Ќе докажеме дека Рашковски ја злоупотребувал функцијата за свои цели. Софтверот не се користи и по две години по набавката. Далиможе и воопшто да се користи при постоење законска регулатива, факт што бил познат на обвинетиот при набавката на софтверот, кој Обвинителството ќе го докаже. Ако се имаат предвид законските одредби и надлежности на Генералниот секретаријат, јасно им е на сите дека тој нема надлежност да снима и издава казни за возење со брзина поголема од дозволената. Овде има друга заднина, а тоа е патентот на Драги Рашковски, односно неговиот личен интерес. Софтверот е нефункционален и затоа не се користи. Тој е предаден во 2020 година кога требало да се имплементира. Обвинителската постапка е почната пред нецела година, па ако тој можел да се стави во функција, имало време тоа да се направи. Но очигледно е дека тоа не била вистинската цел со набавката на овој софтвер. Оваа постапка придонесе граѓаните да дознаат дека биле потрошени над четири милиони денари за нешто што било заборавено и не било ставено во функција, а интервенциите во софтверот се правеле по објавувањето на овој настан“, рече Русковска.

Рашковски имал помош од обвинетите Игор Христов и Ивица Димитровски, кои постапувале според напатствија од Драги Рашковски. Па, така, набавен бил уште еден софтвер, овој пат за биометриска идентификација. Тој ниту денес не се наоѓа во Владата, а ниту кабините што Рашковски ги набавил, тие стојат во поранешната фабрика „Стаклара“ и не се користат. Русковска рече дека се набавувале софтвер и кабини, кои таа ги карактеризира како скапи и непотребни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.