Пратеничката Рашела Мизрахи да биде претседател на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија, предлага Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

 

Во 11:30 часот ќе има седница на Комисијата за прашања за избори и именувањата, на која ќе се утврди составот, членови, претседател, а потоа на првата наредна пленарна седница, која најверојатно ќе биде во среда идната седмица, ќе се изгласа и потврди од Собранието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.