Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи вчера беше меѓу граѓаните на Охрид со кои разговараше за мерките и политиките што СДСМ ги презема изминатиот период. Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ вчера беше и меѓу граѓаните на општиниште Ранковце, Кратово и Радовиш.

– По 30 години зборување, конечно почнуваме со работа на изградба на коридорот 8 кој од ЕУ веќе е признаен како европски коридор со геостратешка важност. Освен подобро поврзување на овој дел од државата изградбата на коридорите ќе донесе и дополнителна економска вредност. Станува збор за највисоката инвестиција од 1,3 милијарди евра со која ќе се отворат нови 8.000 работни места, а проектот ќе донесе и раст од 2 отсто годишно на БДП, порача Битиќи додавајќи дека пропаѓаат во вода сите лаги што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги ширеа за Договорот со Бехтел и Енка.

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Тања Томиќ заедно со Анета Трпевска беше во општина Петровец каде пред граѓаните посочи дека за разлика од СДСМ партија што се грижи за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ дејствува штетно и мисли само на сопствените џебови а за тоа најдобар пример се градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои за една и пол година ги задолжија и уназадија општините со кои раководат.

„Рамо до рамо до победа“ во Ранковце, Кратово и Радовиш: Со СДСМ државата е рекордер во искористеност на ИПАРД

Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ денеска беше меѓу граѓаните на општиниште Ранковце, Кратово и Радовиш.

Во Ранковце беше претседателот на комисијата за земјоделство на СДСМ Трајан Димковски, заедно со Мухамед Точи.  Димковски пред присутните истакна дека СДСМ преку своите мерки и политики инвестира во земјоделството, како една од најважните гранки на македонската економија и постојано и неселективно ги помага домашни земјоделците.

Повеќе нема уценување и понижување на земјоделците, ние го почитуваме трудот на земјоделците, субвенциите се исплаќаат редовно и навремено. Во 2023 година имавме рекордна исплата на субвенции кон земјоделците, дополнително, воведовме нов модел на субвенционирање со кој за првпат воведовме авансна исплата на дел од субвенциите, истакна Димковски, додавајќи дека државата е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД и веќе започнува програмата ИПАРД, со која ни се доделени нови 98 милиони евра, европските неповратни средства за нови инвестиции.

Членката на ЦО на СДСМ, како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска беше меѓу граѓаните на Кратово, каде се осврна на успешните политики на СДСМ, со кои државата стана членка на НАТО и по 17 години ги започна преговорите за членство во ЕУ.

СДСМ постојано покажува што значи вистинска грижа за државата и за граѓаните. На надворешен план успеавме да ја реализираме децениската стартешка цел за полноправно членство во НАТО и веќе започнавме преговори со ЕУ, со обезбеден и зачуван македонски идентитет, јазик и култура, истакна Петровска, додавајќи дека сега е време за глас за Европа во македонското Собрание, за продолжување на европскиот пат на држвата.

Петровска нагласи дека не смее да се дозволи застанување на патот кон ЕУ, бидејќи сега државата има шанса и меѓународна поддршка, која можеби нема да ја добие никогаш повторно.

Секој од 120-те пратеници во Собранието треба да се соочи со одлуката дали блокадата ќе си ја наметнеме сами на себе, или ќе продолжиме понатаму по европскиот пат, порача Петровска во Кратово.

„Рамо до рамо“ со граѓаните на Петровец денеска беа Борче Хаџиев и Вангелија Велева, кои нагласија дека СДСМ се грижи за граѓаните и нивниот стандард, минималната плата е зголемена на 20.175 денари, од одвај 9.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ, исполнето е ветувањето за просечна плата над 34.000 денари, овој март пензиите се зголемени за 8,4 отсто, а во септември сите 330.000 пензионери ги очекува ново покачување на пензиите. нд/

Фото: СДСМ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.