Пратеници од СДСМ како дел од карванот „Рамо до рамо до победа“ денеска беа во посета на неколку населени места.
Во општина Центар беа Дарко Каевски и Даниела Николова, во Чаир – Снежана Калеска-Ванчева, во Куманово беа Мартин Костовски и Лидија Тасевска и во општина Илинден – Мухамед Кадиров.
Како што соопшти СДСМ, Каевски во Центар рече дека Христијан Мицкоски го променил ставот и сега се согласува да има уставни измени со кои дел од бугарскиот народ ќе влезе во Уставот.
-Ние ги прифативме сите негови барања и тоа е добра основа за продолжување на дијалогот, и покрај тоа што сега од ДПМНЕ едно нервозно и недоследно однесување. Ние немаме намера да влегуваме во објаснување на изјавите на Мицкоски кои јавно ги кажа по лидерската средба, туку овој период ќе го искористиме за да го заокружиме процесот и потребните измени да бидат донесени, рече Каевски.
Пратеничката Снежана Калевска-Ванчева пред граѓаните на општина Чаир посочи дека со последните изјави на Мицкоски „паднаа во вода сите обиди на ДПМНЕ и Левица народот повторно да се подели и да се предизвикаат меѓуетнички инциденти“.
Пратениците Мартин Костовски и Лидија Тасевска во Куманово ги повикаа своите колеги пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на проевропскиот блок и да учествуваат во реализација на стратешката определба за полноправно членство во ЕУ.
-Што поскоро уставните измени да влезат во Собранието, тоа подобро. Сега е моментот сите заедно да се вклучиме во процесот и да ја донесеме важната одлука, со која обезбедуваме европска иднина на државата и граѓаните. Оваа одлука е токму за нашите сограѓани, за нашите соседи и пријатели, за работниците и земјоделците, за студентите и пензионерите кои сакаат и заслужуваат да живеат дома, во својата држава која ќе биде членка на ЕУ, рамноправна со сите останати земји членки на ЕУ, истакна Костовски во Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.