Како дел од теренските активности „Рамо до рамо до победа“ денеска, заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, беше меѓу граѓаните на општина Штип.

СДСМ има резултати што навистина прават разлика. Не само што ги покачивме платите и пензиите, што успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните и во време на криза, политиките на СДСМ за членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ значително влијаат за создавање конкурентна економија со сигурна бизнис клима. Минатата година имавме рекорден износ на странски директни инвестиции, а тој тренд продолжува и оваа година. Она што е особено важно е дека со овие инвестиции се отвораат нови и добро платени работни места. И во Штип се отвора нова фабрика, компанијата „Јагео“ која ќе вложи 205 милиони евра во 4.000 работни места една своја фабрика ќе гради и тука во Штип. Со оваа инвестиција но и со претходните реализирани инвестиции, ниту Штип ниту Македонија веќе не се места на евтина работна сила, туку тука се отвораат нови добро платени работни места и тоа е заслуга на нашите економски политики, порача Лукаревска.

Лукаревска ја потенцираше поддршката за земјава од САД и упати порака сите општествени и политички чинители во општеството да покажат одговорност кон иднината и да дадат придонес за продолжување на европскиот пат.

Од нашиот најголем поддржувач и сојузник САД, добиваме силна и јасна поддршка за продолжување на европскиот пат. Тој пат зависи од сите политички чинители и затоа, од овде уште еднаш ги повикувам да покажат одговорност кон иднината, да дадат поддршка за реформите кои се клучни за напредокот на државата кон ЕУ и на тој начин да обезбедиме сигурна иднина на нашите граѓани. Време е за глас за Европа, посочи Лукаревска во Штип.

(фото: СДСМ)

Нашиот колективен глас, нашето национално и општествено обединување, сега е време да го потврдиме, не само како идеал, туку во конкретен чекор, со глас за Европа, порача од Македонска Каменица, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски, на маалска средба со граѓаните во рамки на теренските активности на партијата, „Рамо до рамо, до победа“.

Долго време нашето општество гласно зборува за потребата од единство. Сега е време да го потврдиме националното и општествено обединување на дело, не само како идел, туку во конкретен чекор, во глас за Европа. Во името на иднината на земјата и наредните генерации. Повикувам на разум, на трезвеност, да се согледа националниот интерес, геополитичкиот и регионалниот контекст. За да се разбере суштинското значење на членството во Европската Унија, за македонската држава, за Македонците и за сите наши граѓани. Тоа ги надминува економските придобивки, ги надминува политичките партии. Членството во ЕУ значи сигурна, европска иднина со обезбеден македонски јазик и идентитет. Ја повикувам и ВМРО-ДПМНЕ, да ги оставиме настрана нашите разлики, да најдеме заеднички јазик и да се собереме зад заедничката цел за европска интеграција, рече Зечевиќ.

Обединувањето е стремеж вкоренет во духот на нашата нација и сега е време повторно да ја најдеме силната во единството, во нашата способност да се здружиме за национална и државна цел, членство во ЕУ.

Имаме силна поддршка од САД за продолжување на европскиот пат. Имаме историска шанса која не знаеме кога повторно ќе ја имаме и затоа не смееме да ја пропуштиме. Со глас за Европа, со заедничка работа, можеме заедно да изградиме европска република, Европска Македонија, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.