Оправдан е револтот на граѓаните кон Бугарија, вели за „Детектор“ Исмет Рамадани, претседател на Евроатланскиот совет, објаснувајќи го изборот на анкетираните кои го избраа нашиот источен сосед како земја со која имаме најлоши односи. Според него, со блокадата на интегративниот пат Бугарија и не може да очекува симпатии од Македонија.
Многу јасно е дека Бугарија се постави доста лошо во однос на европските интеграции кон Македонија. Во исто време употребувајќи вето, мислам дека…. дури би рекол праведна е таа констатација односно тој однос на граѓаните од Македонија кон Бугарија. Тие со нивните настапи, со нивните политички и државни лидери се почесто во последно време имаа многу негативен став кон идентитетот и јазикот на Македонците. И кога имаш таква ситуација, такви провокации, такви ставови, се разбира дека реакцијата доаѓа од граѓаните Македонци, вели Рамадани за „Детектор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.