Ни деманти ни реакција не пристигна на веста дека за последниве 5 години за Македонски железници се потрошени над 100 милиони евра пари од буџетот на Р. Македонија, а нема ниту еден видлив проект, за која алармираа од комисијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска железничкиот сообраќај повторно е во прекин поради штрајк на машиновозачите за неисплатена плата и додаток за километар. Дополнително револтот кај вработените се зголемил откако дознале дека дури 7 лица од раководството на МЖ Транспорт биле на службено патување во Париз, Франција, за што и јавно без срам се пофалиле со фотографии на нивните фејсбук-профили. Нема никаква информација која е целта на нивното патување, кој е бенефитот за претпријатието и зошто морало дури 7 лица да патуваат?, алармираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека согласно на тоа легитимно се поставуваат следниве прашања:

  • Дали МЖ Транспорт се користи како туристичка агенција за патувања на раководството на државна сметка?
  • Дали средствата за додаток за километар на машиновозачите се потрошија токму за ова најново патување во Франција?
  • Ете тоа е тој расипнички и игнорантски однос на СДСМ кон железниците.

На овие и на многу други прашања, за многу брзо ќе треба да дадат одговори одговорните лица во Железници, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека после промената на власт и ќе одговараат за целиот пустош што му го направија на железничкиот сообраќај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.