Не само што ќе го поканам народниот правобранител, туку сите забелешки што ги има во неговиот извештај ќе бидат предмет на седница на Влада и раководните органи на сите институции ќе добијат владини задолжувања кои треба да ги спроведат – најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Со оние кои нема да ги спроведат ќе се случи исто како што се случи со другите кои не се однесуваа согласно со најдобрите менаџмент практики, на кои се обврзани, рече Ковачевски во одговор на прашање по потпишувањето договор со турската компанија „Текнопанел“ за инвестиција во ТИРЗ Скопје.
Вчера народниот правобранител го презентираше неговиот извештај во кој има бројни забелешки за институциите и за спроведувањето на неговите препораки за отстранување на неправилностите во нивното работење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.