НАТО објави дека поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе стане нов заменик-генерален секретар на воената алијанса.

Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар. Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога – изјави шефот на Алијансата, Марк Руте.

Пополнувањето на заменичката позиција беше еден од приоритетите на генералниот секретар Марк Руте, кој ја зазеде функцијата на 1 октомври.

Шекеринска е поранешна министерка за одбрана (2017-2022 година) и вицепремиерка за евроинтеграции (2002-2006 година) во Владите кои ги предводеше СДСМ. Од 2006 до 2008 година беше и претседател на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.