Ако зборуваме за фашизам, треба да биде јасно дека Иван Михаилов го одби Хитлер да ја вклучи Македонија во братоубиствена војна со Бугарија, вели бугарскиот претседател Румен Радев.

Тој пред новинарите рече и дека „обидите на нивните (македонските) политичари да изградат идентитет врз основа на фалсификациите на Комунистичката интернационала се против интересите на граѓаните на РМ кои сакаат членство во ЕУ.

Ако зборуваме за фашизам, треба да биде јасно дека Иван Михаилов го одби Хитлер да ја вклучи Македонија во братоубиствена војна со Бугарија. Не беше Иван Михаилов, туку други луѓе кои убија десетици илјади во концентрационите логори за време на воспоставувањето на диктатурата во Македонија. Само затоа што решиле да тие се нарекуваат Бугари, а не Македонци. Ова е фашизам, изјави Радев за бугарските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.