Има закани за цела Европа од нуклеарен напад. Путин ќе оди по секоја цена за освојување на Украина. Тој е монструозен, за да влезе во историјата како голем освојувач, истакна претседателот на Здружението на Украинци во Македонија, Александар Урбанович, на денешниот протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“.

Тој нагласи дека на протестот е дојден за поддршка на Украина. Сакам, како што рече, земјата да се ослободи и да има мир.

Марјана Велковска од Здружението на Украинци во Македонија вели дека потребна е помош на сите граѓани кои се во Украина.

– Имам роднини таму, тие се подготвени да останат таму и да се борат за својата држава, изјави Велковска, додавајќи дека им е потребна помош.

Македонци кои го поддржаа протестот посочија дека војната мора да запре, а последиците од неа се чувствуваат секаде па и во земјава.

На плоштадот во Скопје, беа прикажани фотографии од состојбата во Украина, на кои се гледаат загинати лица, срушени згради, катастрофална состојба



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.