Делницата Крупиште – Кочани од експресниот пат Штип – Кочани од денеска е пуштена за сообраќај. Со денешното пуштање во употреба на 13,7-те километри, инвестиција од над 18 милиони евра, целосно се заокружува изградбата на патот, што се одвиваше во две фази.

На пуштањето во употреба на патот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министрите за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Ковачевски изрази задоволство од пуштањето во употреба на делницата, истакнувајќи дека со ова е завршена „голема работа“ и им се заблагодари на сите вклучени во изградбата на патниот правец. Тој воедно посака наредната година да има уште многу настани од ваков тип.

Премиерот, меѓу другото, нагласи дека со изградбата на нови патишта се забрзува и олеснува патувањето на граѓаните, но се зголемува и безбедноста во сообраќајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.