Назначувањето на  премиер Албанец ДУИ го прослави и со посебни вратоврски. На нив на задниот дел пишува „Kruyeministri  shqiptar 28.1 2024“.

Вакви вратоврски носеле сите министри и пратеници од ДУИ на денот на гласањето на Талат Џафери.

Вратоврската е од српскиот бренд „Марушка“  од Чачак. Оваа фирма прави марами и вратоврски со врвен квалитет.

Од оваа фирма за „Република.рс“ велат дека немаат ништо со посветата на нивните вратоврски и оти тие не гарантираат за нив откако ќе ги напуштат нивните капацитети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.