Притисоци за укинување на алатката „Балансер“ има, прво тие беа во форма на потсмев кога ќе кажевме дека ќе се укинува, за сега да се заменат со дрскост, па дури и со закани за безбедносна дестабилизација, откри денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски зборувајќи за реакциите од ДУИ по најавите за укинување калкулаторот кој сега одредува од која националост треба да бидат идните кандидати при оглас за вработување, во емисијата „Аргумент+“ на ТВ24.
Тој истакна дека „Балансерот“ ќе се укинува фазно и дека во опција се можност за носење Закон за соодветна и правична застапеност при вработувањата или промена на методологијата која сè уште е на сила, а за која беа надлежни Министерствата за информатичко општество и администрација и за политички систем.
Андоновски вели дека нема ниеден од овие наративи кој му е поблизок како опција што би го заменила „Балансерот“, туку дека најблиска опција му е таа која приматот ќе го стави на образованието, знаењето и на професионализмот на самиот кандидат за вработување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.