Мандатарот Димитар Ковачевски најави на Фејсбук дека ќе го преиспита тендерот за набавка на нов прибор во владината кујна.

Тендерот кој беше предмет на јавна дискусија, а поврзан со набавка нов прибор во владината кујна ќе го ревидирам по моето стапување на функција. Доколку набавката е во обем и во постапка којашто не е соодветна на потребите, истата ќе ја поништам, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Јавноста реагираше откако беше објавено дека Службата за општи и заеднички работи ја подновувава владината кујна за новиот премиер со нов прибор за јадење со највисок квалитет – порцелан со позлата, инокс и кристал. За прибор за угостителство Владата е подготвена да плати над 17.000 евра. Само еден вид чинии за главно јадење владата ќе плати по 4.588 денари без ДДВ, или една чинија со ДДВ ќе ја чини над 5.400 денари или неверојатни 88 евра по чинија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.