Единаесеттите парламентарни избори во земјава ќе се одржат на 8 мај, а седмите претседателски избори на 24 април. До формирањето на нова влада до крајот на јуни, земјата ќе ја води техничка влада на чело со премиерот Талат Џафери. Оваа преодна Влада вчера беше избрана со 65 гласа „за“ и три „против“. ВМРО-ДПМНЕ беа во салата, но се воздржаа од гласање додека на седницата воопшто не присуствуваа пратениците од Европскиот сојуз за промени.
Во Владата денеска е предвидено примопредавање на функцијата меѓу досегашниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски и Талат Џафери, претседател на преодната Влада. По пристигањето на платото на Владата, планирано е премиерите Ковачевски и Џафери да одржат кратка средба. Се очекува примопредавања на функциите да има во сите министерства.
Џафери во експозето пред пратениците во рамки на 141. пленарна седница рече дека за него, како мандатар на оваа Влада, нема разлика дали станува збор за еден или 100 дена, за техничка или преодна Влада.
-Сакам да ве уверам дека во ниту еден миг нема да дозволам да отстапиме од тоа што значи функционална и доверлива институција за граѓаните и институција со јасни надлежности дефинирани со Уставот во однос на другите столбови на власта во Република Македонија, рече Џафери.
Џафери повтори дека го прифаќа мандатот со задоволство и полна одговорност и со надеж дека предложените министри ќе ги исполнат очекувањата.
Приоритет на оваа преодна Влада е одржување на редовните претседателски и парламентарни избори на фер и демократски начин
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.