Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска ќе ја посети Битола, токму на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот од фашистичката бугарско-германска окупација.
Засега нема официјална информација за целта на нејзината посета и агендата за време на престојот. Од Општина Битола соопштија дека таа не доаѓа во официјална посета на Општината.
Од СВР Битола соооштуваат дека ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот денеска поради присуството на Јотова, а утре поради присуството на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски кои в сабота, на 5 ноември ќе присустуваат на одбележување на годишнина од постоењето на РЕК Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.