Судската администрација во Основниот суд во Штип излезе на едночасовен протест пред зградата на судот. Верица Тасева вели дека Здружението на судска администрација е незадоволно од третманот на извршната власт кон вработените во судската служба.
Над 90 проценти од вработените во судската служба земаат плата под просечната плата. Земаат во распон меѓу минималната и просечната плата. Многу мал дел земаат просечна плата, на една рака можат да се избројат раководните службеници, кои земаат малку повеќе од просечната плата, вели Тасева.
Посочува дека разликата во платите меѓу судските службеници и судиите досега е највисоко ниво. Инфлацијата и цените на производите влијаат и врз намалување на животниот стандард врз овие службеници. Затоа бараат под итно зголемување на платата на вработените во судските служби за 30%, поради спецификата, сложеноста на работата.
Бараме исплата на додатоци на плата во висина од најмалку 25 проценти и бараме исплата на разлика на додатоците на плата, затоа што имаше еден период кога се пресметуваа додатоците на плата, односно не се засметуваше минатиот труд, вели Тасева.
Судските службеници поради тоа што судската ферија почнува од 15 јули а завршува на 15 август со протестите ќе продолжи по 15 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.