Утрово од 6 до 9 часот имаше протест на закупците на тезги на Кванташки пазар во Скопје бидејќи не се задоволни од условите за работа.
Закупците својот протест го најавија уште вчера и притоа се пожалија дека немаат основни услови за работа, односно нема соодветна канлизациона мрежа, па така и при помал дожд се случува поплавување на улиците, но и магацините.
Ситуацијата на Кванташки пазар е лоша, а закупците се жалат и дека не постојат доволно тоалети, но посочуваат и останати проблеми за кои сакаат да разговараат со раководството на пазарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.