Заменик помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во понеделник доаѓа во Скопје во посета на Македонија, објави Телма.

Дали со себе ќе ја донесе и листата на санкции за сегашните и поранешни корумпирани функционери и членови на правосудството.

Неодамна, на настан посветен на евро-атлантската иднина на регионот, кој се одржа во атлантскиот совет во Вашингтон, Ескобар потсети дека САД ќе воведат дополнителни чекори за да ги санкционираат корумпираните офијални лица на Балканот, со цел тие да се тргнат од одговорните функции.

Според него, тоа е важна и ефективна алатка, додавајќи дека ако се погледне дел од наративот што што министерството за финансии на САД го користи, јасно ќе се види длабочината на корупцијата.

Посетата на Ескобар, се случува во моментот кога во македонската јавност зачестија коментарите на американската амбасадорка во државата, Анџела Агелер, која критички говори за проблемот со високата корупција во Македонија.

Извор: Телма



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.