По повод Денот на независноста – 8 Септември, вечерва во 20:00 часот во скопско Нерези ќе се одржи прослава на игралиштето. Организатори на настанот се група граѓани „Обединето Нерези“ и ова е петта година како го одбележуваат најголемиот државен празник.

Идејата за одбележување на празникот ја инициравме десетина луѓе за време на карантинот, кој беше воведен поради корона вирусот. Првата прослава ја организиравме во 2020 година, и од година во година, бројот на присутни расте. Ние, секако, ја сакаме Македонија. Но, можеби карантинот ни даде повеќе слободно време и дојдовме на идеја да почнеме една убава манифестација, велат од „Обединето Нерези“.

Покрај жителите на Нерези, на прославата доаѓаат и граѓани од другите скопски населби. Собраните средства од прославата, „Обединето Нерези“ ги донира на оние на кои им се најпотребни.

Оваа година гостите ќе ги забавува диџеј. Организаторите ги канат сите заинтересирани кои сакаат да го прослават заедно со нив Денот на независноста, да дојдат на игралиштето Нерези.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.