Во два круга на гласање Уставниот суд не успеа да избере претседател на судот, откако завршува тригодишниот претседателски мандат на Добрила Кацарска која вчера даде отчет за сработеното. За функцијата се кандидирани уставните судијки Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева.
За избор на претседател на Уставниот суд се потребни шест од деветте гласа на членовите на судот, односно мора да се избере со двотретинско мнозинство. Неофицијално се дознава дека Татјана Васиќ-Бозаџиева добила пет гласа, а Ана Павловска-Данева четири. И двете судијки не се откажуваат од кандидатурата, што би можело да биде решение за настанатата ситуација.
Попладне седницата на Уставниот суд за избор на претседател треба да продолжи со трет обид со гласање да се избере нова претстедателка на судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.