НЕМА ВЕЌЕ СПОРТСКИ ЛИКОВИ НА РЕКЛАМИТЕ ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ И КОЦКА‼️❌
Со големо задоволство ви го најавувам меморандумот за соработка потпишан помеѓу Министерството за спорт и Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија.
Овој меморандум значи взаемно разбирање меѓу двете страни и подразбира етички однос во кој спортистите – поранешни, активни или млади таленти, нема да бидат директно користени за било какво рекламирање на казина и игри на среќа. 🙌🏻
Спортистите ќе може да бидат вклучени во промовирање на спортски игралишта како и на настани поврзани со спортот и кон промоција на вистинските вредности поврзани со спортот, почитувајќи ги принципите на морал, етика и одговорност кон општествените вредности.✅
Тоа беше најважниот сегмент што сакавме да го постигнеме со оваа иницијатива покрената од Министерството за спорт за која наидовме на разбирање од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија и ова е еден убав почеток на идна соработка.
Важно е сите ние да вложиме во здрава спортска средина која ги поддржува младите и се стреми кон позитивни примери и вредности во општеството.
Чекор кон подобра и поодговорна иднина за спортот во Македонија, објави на Фејсбук, Борко Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.