Владата на затворена седница го назначила Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, за претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија.

Членови на Комисијата се и д-р Александар Литовски, научен соработник при Институтот за национална историја во Скопје, д-р Митко Панов, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје, Д-р Никола Минов, вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје при УКИМ – Скопје, Доц. д-р Сашо Додевски, насловен доцент избран на Филозофскиот факултет во Скопје, Д-р Бесник Емини, виш научен соработник на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и д-р Димитар Љоровски, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје

Проф. Ѓорѓиев доаѓа на местото на Драги Ѓоргиев, кој неколку години ја предводеше историската комисија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.