Случајот Темелко што зема 9.000 евра од буџет за одбрана за да стиска лајкови и пишува партиски статуси воопшто не е наивен скандал, потенцира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, според кого ниту неговата дрскост и признание е наивност или простодушност; слика за случаен „чичко“ ангажиран од СДСМ да пишува статуси и да „лајкува“ на Фб.

Темелко две години е во Одбрана, а три години заедно со Љубомир Јовески, републичкиот Јавен обвинител, е дел од Комисијата за помилување кај „самомислечкиот“ Стево Пендаровски! Комисија којашто одлучува кои нинџи и самураи да бидат наградени за послушноста кон диктатурата!, потенцира Стоилковски.

Дрскоста на Темелко во неговото признание за извештајот, официјален документ во Министерството за одбрана, за партиски активизам, дрскоста да се признае дека државниот апарат, администрацијата е злоупотребувана во партиски предизборен систем, лежи во фактот дека Темелко е длабоко вграден во партизираната машина, важен „штрав“ во диктатурата!, смета Стоилковски.

Темелко јавно дрско ви се смее во очи за вистината во содржината на неговиот Извештај, уживајќи во позицијата заедно со Јовески обвинителот, да одлучуваат за судбините на луѓе, како Комисионери за помилување! Темелко најдрско покажува колку се чувствува безбеден во својата неказнивост, односно дека ништо нема да биде преземено за ова грубо кршење на законот и демократијата! Ова е сликата за правдата и правата во Македонија со СДСМ!, вели Стоилковски.

Еден од статусите за кои Ристески добивал хонорар од МО

Темелко со удбашките рапорти во Одбрана за 9.000 евра, заедно со Јовески од прислушуваното обвинителство, ја сочинуваат комисијата за помилување! А Јовески, другарот на агентот Темелко, сега го местат за “највисоко”! “Темелко” е Темел на диктатурата! Случајот МОРА да биде основа за длабока истрага и расчистување со раширената партиска агентура низ државните институции! Секако, Јовески тоа не верувам дека ќе го стори! Сепак се “Другари од Комисијата”!, вели Стоилковски, додавајќи дека не очекува ни Пендаровски да го исклучи од Комисијата зошто „сепак партиското игра голема улога во одлучувањето“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.