Коментирајќи го случајот со грчките хакери и нивниот упад во податоците на Министерството за образование, професорката Весна Јаневска прашува за што се трошеле нашите пари.

Би било греота да му се обратам на новиот министер Шаќири, кој ми се чини не е сигурен што го снашло, иако моето сочувство не го амнестира, ама воопшто. Поради тоа неизбежно е да ѝ се обратам на бившата Министерка за образование и наука и да ја прашам, што тоа работеше „нејзиниот тим чиј лимит е самото небо“, заедно со се неа цели 5 години, кога грчки хакери можат и да гледаат како се работи во МОН, а и сите податоци да им ги преземат? Е па не е министерувањето шетање низ земјата и пропаганда за партиски потреби. Треба нешто зад себе и да оставиш, се разбира не „реформа“ – укинивање на учебници.
Не знам кој треба да реагира, за одговорност не зборувам, тоа стана мислена именка кај нас, ама нели некаков безбедносен систем треба да има за заштита на податоците на граѓаните? Што софтвери накупуваа, што пари испотрошија, сè џабе, коментира таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.