Идната Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи да се зголеми партиципацијата за студирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ниту пак на некој друг државен универзитет, вели во статус на фејсбук проф. д-р Весна Јаневска.
Почитувани колеги, по повод зборувањата за некаков предлог за покачување на партиципацијата за студентите на УКИМ ве ИНФОРМИРАМ дека не треба да се вознемирувате. Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа. Промена на висината на партиципацијата, ниту еден државен универзитет во Македонија не може да донесе без согласнност на Владата (Закон за високо образование член 2). Поточно висината на партиципацијата и кофинансирањето ги донесува Владата на Република Македонија.
Оттука почитувани млади колеги реакцијата на одредени младински организации на одредени партии можете да ги сфатите само како предизборен маркетинг во корист на прибирање на гласовите на младите. Вие сами одредете дали станува збор за МАНИПУЛАЦИЈА.
ВИЕ САМО УЧЕТЕ, НИЕ ЌЕ СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВАС!, вели проф. д-р Јаневска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.