Јавното обвинителството, по допрен глас да испита зошто директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Елизабета Наумовска не дозволува полагање на испит за директори, бара проф. д-р Весна Јаневска.

На подзаборавената замеичка министерка и актуелна директорка на ДИЦ пред извесно време нè потсетија група наставници на кои им е ускратена едукација и полагање на испит за директори што е во ингеренција на ДИЦ. Тие протестираа и ја потсетија јавноста на нефункционирање на институцијата која ја води Наумовска, но во овие тешки и кризни времиња овој настан не предизвика голема реакција. Наставниците посочија кои членови од законот ги крши директорката и рекоа дека ќе се обратат до јавниот правобранител. Го чекам одговорот од правобранителот, а го повикувам ЈО, по допрен глас, да го испита случајот и по потреба да преземе мерки за одговорност на дитекторката на ДИЦ, пишува на фејсбук проф. д-р Јаневска.

Таа ја потсетува директорката дека има обврски и одговорност, институцијата да функционира непречено и дека при тоа не смее да се кршат ничии права.

Наумовска наместо да дава „важни“ и празни соопштенија за тестирање без резултати од истото да се фати за работа и да го спроведува законот, вели проф. д-р Јаневска.

Таа потсети дека по долго време во јавност се појавила Наумовска со соопштение дека започнало тестирање на учениците за проверка на знаење од математика.

Како важен податок од тестирањето директорката на ДИЦ соопшти дека видела насмеани лица на децата, многу важен елемент од тестирањето и дека за решавање на тестот на учениците од четврто одделение им требале 3 часа. При тоа таа не кажа кое е просечното време за решавање на тестот било каде во друга држава, дури ни во околината. За резултатите од тестот ни збор, ќе чекаме, вели Јаневска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.