Дали директорката Елизабета Наумовска е информирана дека во нејзината институција Државен испитен центар (ДИЦ) се случува криминал?, прашува проф. д-р Весна Јаневска.
Кај нас се смени Владата, ама очигледно со цел за се’ друго да остане исто. Институците не функционираат и изгледа тоа го гледаат само граѓаните на кои им се потребни. Тие што ги управуваат не ни занаат што и како им се случува, ниту што и како треба да работат. Директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска не е ни информирана, според нејзина изјава, дека во институцијата и се случува криминал. Не сакам да помислам дека можеби во ДИЦ се случува прикривање на истиот. Имено уште пред 8 месеци Јавното обвинителство, според изјава на Антикорупциска, отворило предмет за случај на фалсификување на резултати од државната матура од страна на информатичар, вработен во ДИЦ.
Ја прашувам директорката Наумовска што превзела во рска со ова, а го прашувам и ЈО каква е завршницата на предметот?, пишува на Фејсбук проф. д-р Јаневска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.