Иако датумот на раѓање на Методиј сè уште не е точно утврден – историчарите го датираат од 810 до 825 година – а за Кирил е утврдено дека е роден во 827 година, при што и двајцата се родени во Солун. Знаете ли каде биле Бугарите тогаш?

Во 814/15 година потпишан е 30 годишен мир меѓу Визнатија и Бугарија, при што на Бугарија ѝ е отстапена само Сердика, денешна Софија, а грабицата е северно над Витоша.

Јужно од Софија – Бугари НЕМА! Како тогаш овие што се родие во Солун во 810 или 825 година се Бугари?

Ова во неговото излагање за Св. Кирил и Методиј, за кои вчера конечно беше потврдено дека се едни од македонските значајни историски личности за кои власта договори да бидат честувани како заеднички со Бугарија, го објаснува професорот д–р Александар Атанасовски од Институтот за историја на Филозофскиот факултет при УКИМ.

Бугарите продреле до Солун дури некаде во 904 година. Во времето на Борис тие продреа некаде до Брласица, по која оди границата меѓу Византија и Бугарија во тоа време, кај Костур слегува малку јужно и излегува на албанското крајбрежје – зборувам за договорот меѓу Византија и Бугарија од 864 г. Но, во тоа време, Кирил и Методиј се во Моравија и тие дејствуваат против Бугарија, бидејќи Бугарија бИла во сојуз со Германија. А тие во Моравија ги штитат интересите на Византија и ги поддржуваат Моравците да се спречи воениот сојуз меѓу Бугарија и Германија. Значи луѓе кои што работеле против Бугарија, Бугарите сега ги присвојуваат за свои, објаснува тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.