Утрово неколку бродови и групи доброволци во поповолни временски услови продолжи потрагата по Мартин кој во саботата исчезна во водите на Егејско Море кај Халкидики.

Во текот на денот повторно ќе биде активиран и хеликоптер најавуваат грчките власти.

Неговото семејство е веќе во Грција. Денеска ќе бидат во Скиони за да ја следат потрагата по Мартин. Тој е третиот од групата Македонци кои во саботата исчезнаа во морето откако влегле да се капат, а ги однеле силните струи.

Веќе во саботата беше пронајден Васил, а во неделата попладне на копно беше пренесен и Иван откако беше лоциран од товарен брод некаде околу пладне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.